16.8 C
Skopje
понеделник, ноември 17, 2025

Јаделе и пиеле во скопски ресторан па фрлале менија на земја и избегале без да платат

Утрово во 00.40 часот вработена во ресторан во центарот на Скопје пријавила дека претходно вечерта околу 23.30 часот во ресторанот дошле две лица (машко и женско) и почнале недолично да се однесуваат.

Машкото лице фрлило две менија на земја и по пет минути го напуштиле ресторанот без да ја платат сметката.

Вработената излегла по нив со сметката и им укажала дека не платиле, но машкото лице почнало да вика и да тврди дека ја платиле сметката и дека некој ги украл парите.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

поврзани објави

Последни објави