13.8 C
Skopje
вторник, ноември 18, 2025

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА Загина скоро цел хокејарски тим!

Хумболт Бронкоси патуваа на гостување, а нажалост не стигнаа бидејќи нивниот автобус се судри со камионот.

Во оваа стравична несреќа загинаа дури 14 личности, а во прашање се повеќе млади луѓе меѓу 16 и 21 година. Се работи за јуниорскиот тим на клубот.

После истрагата ќе се утврдат деталите од несреќата. Три луѓе се наоѓаат во критична состојба. Загина и возачот на автобус, додека возачот на камионот помина со полесни повреди.

Се огласи и претседателот на тимот со кој треба да играат и рече како играчите на неговиот тим седат во црква и се молат за играчите на хокејарскио тим, а кои очекуваат добри вести кога се во прашање повредените.

 

поврзани објави

Последни објави