9.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Љубчо Георгиевски со честитка по повод Велигден

Почитувани граѓани на Република Македонија,

Имам чест и задоволство, во мое лично име да ви ги честитам Велигденските празници. Ја користам оваа прилика, на најголемиот христијански празник да упатам пораки за мир и единство. Нека овој голем ден биде силна поткрепа за сите оние кои се за сплотеност, меѓусебно почитување и мир.

Да се помолиме на нашиот милостив Бог, со желба за спокој во душите, а преку нашето единство да се обидеме да придонесеме за просперитетна иднина на нашата Република Македонија!

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!
Љубчо Георгиевски – Претседател на ВМРО Народна партија

поврзани објави

Последни објави