Манчестер Јунајтед со голем пресврт успеа да дојде до победа над градскиот ривал Манчестер Сити и да спречи прослава на титулата во Премиер лигата.
Меѓутоа без разлика на победата на „црвените ѓаволи“ и понатаму поинтересна за јавноста на островот е шокантната информација која Пеп Гвардиола ја соопшти во пресрет на дуелот на „Итихад“, односно дека Пол Погба и Хенрик Мхитаријан му биле понудени во јануарскиот преоден рок од страна на контраверзниот агент Мино Раиола.
Секако приказната со Погба е поинтересна е затоа што тој сезонава постојано се мачи и никако не може да се снајде и вклопи во тактиката на Мурињо со тоа што блесна во вториот дел во битката со „граѓаните“ и беше еден од најзаслужните за славјето од 3-2.
За тврдењата на Гвардиола се огласи и Мурињо кој како и секогаш беше отворен и директен.
-Јас за тоа воопшто не размислувам. Гвардиола и Мино, знаеме дека нивиот однос не е најдобар. Нормално е понекогаш да има некои провокации, но не сум загрижен, не бев вознемирен и не зборував со Пол за тоа. Не му се јавив ниту на Мино за да го прашам за се, се фокусирав на мечот, а истото важи и за Погба, со неговата игра покажа дека бил фокусиран на натпреворот, -рече Жозе и додаде:
-Гвардиола вели едно, агентот тоа го отфрла, па еден од нив ја кажува вистината, а еден од нив лаже. Искрено не ме интересира кој е лажгото, а кој е искрениот. Не сум заинтересиран за тоа, -заврши португалскиот стратег.
Извор: Дерби.мк








