9.8 C
Skopje
вторник, ноември 18, 2025

9 ѕвезди на Челси, кои ќе го гледаат Светското првенство на телевизија по слабата сезона

9 од играчите на Челси се надеваа дека ќе настапат на Мундијалот 2018, но може да не добијат повик за учество на СП по слабата сезона во Челси. Ете кои се тие…

АЛВАРО МОРАТА

Остана надвор од селекцијата на Хулен Лопетеги за контролите за натпреварите против Германија и Аргентина во март, што му се случува за прв пат, откако е во Челси. Слабата форма на напаѓачот немаше како а да не влијае на неговиот статус во составот на Шпанија.

ДАВИД ЛУИС

Фото

Не играл за Бразил од март 2016 г., бидејќи првиот човек на селекцијата просто претпочита други дефанзивци.

ГЕРИ КЕЈХИЛ

Имаше навика редовно да игра за својот клуб, и за Англија, но во последно време нештата се променија. Добрата форма на Антонио Родигер придонесе тој да стане втора опција во клубот на Сините од Лондон. Вратичката за него се уште е отворена, а останува да видиме дали Кејхил би можел да се најде во тимот на репрезентацијата.

ТИЕМУЕ БАКАЈОКО

Фото

И покрај тоа што доби шанси од Антонио Конте, Бакајоко некако како да не ги искористува. Речиси сигурно е, дека при жестоката конкуренција во халфовата линија на Франција, Бакајоко нема како да има место на СП.

ЦЕСК ФАБРЕГАС

Тој веќе можеби се смета за легенда на шпанскиот национален тим, само што тоа нема да му помогне да биде над останатите уникатни играчи кои ја имаат истата позиција во националниот тим, а со кои Шпанија моментално располага. Хулен Попетеги изгледа не смета на услугите на Фабрегас, а играчот не одамна призна, дека има мали надежи дека може повторно да биде во репрезентативниот тим за СП.

РОС БАРКЛИ

Беше дел од Англија за минатото СП, но после го пропушти ЕВРО 2016. Сериозната негова повреда го извади цели 9 месеци од терените, а малата минутажа во неговиот тим, практично му ја исклучува можноста тој да игра за Русија.

 

https://www.youtube.com/watch?v=wQydusxYHss

поврзани објави

Последни објави