8.8 C
Skopje
вторник, ноември 18, 2025

РУДИГЕР ПРОТИВ КОНТЕ: Не разбирам зошто секогаш губиме!

Челси ја изгуби шансата за Лига на шампиони

Фудбалери на Челси ја изгубија шансата за пласман меѓу четирите најдобри екипи од англиската Премиер лига, поради што наредната година нема да можат да се натпреваруваат во Лига на шампиони.

Последниот кикс на клубот кој го предводи Антонио Конте е направен во градското дерби против Вест Хем, одигрувајќи 1:1, по водството од 1:0. Слично се случи и во претходното градско дерби кога водеа против Тотенхем, а потоа изгубија со 1:2.

Германскиот стопер Антонио Рудигер, кој пред сезоната беше доведен по желба на италијанскиот менаџер, излезе со интересна изјава со која индиректно му се обраќа токму на тренерот Конте.

– Се молевме за гол. Мислам дека во второто полувреме можевме да го решиме натпреварот, но баш како и неколку пати во последните неколку месеци ја испуштивме победата, примајќи гол. За мене, ова не е лесно да се објасни. Воопшто не разбирам зошто откако имаме водство од 1:0 секогаш паѓаме и му допуштаме на противникот да има поголем посед на топката, рече Рудигер.

Во овој момент многу неизвесности има околу Челси, а посебно кога е во прашање Антонио Конте. Многу медиуми во Англија тврдат дека на крајот на сезоната ќе ги напушти Сините, па макар и доколку тимот го освои утешниот ФА Куп.

поврзани објави

Последни објави