Мохамед Салах апсолутно го завладеа Островот. 25. годишниот напаѓач е се поблиску до титулата играч на годината во Премиер лигата, откако веќе четврти пат е прогласен за играч на месецот. И тоа потполно заслужено.
Египќанинот на “Енфилд“ ја игра сезоната на животот, а минатиот месец постигна дури шест голови. Четири постигна против Ватфорд во победа од 5:0, а клучниот погодок го постигна против Кристал Палас за пресврт и победа од 2:1.
Исто така, го предводеше англискиот великан во првиот натпревар во четврт финалето од Лига на шампиони против Манчестер Сити (3:0), а имаше и свој погодок и асистенција. Меѓутоа, веќе во 50. минута мораше надвор од теренот поради повреда. Кој знае како би поминала “четата“ на Гвардиола доколку бившиот ас на Челси останеше до крајот на теренот.
Мо Салах оваа сезона постигна неверојатни 40 погодоци во сите натпреварувања, а само шест го делат од рушење на рекордот на Премиер лигата. Со својата сјајна форма и брилијантна игра тој освои многу навивачи па не би било чудно доколку навистина биде на насловната на ФИФА. Навивачите на Ливерпул се надеваат дека ќе бидат во состојба вечерва да ги поведе во полуфиналето од Лига на шампиони. А потоа? Се е можно!
https://www.youtube.com/watch?v=tCHODj8bA6w