Унгарскиот претседател Виктор Орбан прогласи победа откако прелиминарните резултати од парламентарните резултати покажуваат дека избирачите му дале доверба за трет последователен мандат, и четврти од 1998 година.
Коалицијата на Фидес и помалиот партнер христијански демократи, убедливо победија на изборите и најверојатно освоија двотретинско мнозинство односно 133 од 199 места во парламентот, јавија локални медиуми.
– Обезбедивме историска победа и создаваме можност да ја заштитиме Унгарија, изјави Орбан.
Честитка за големата победа на Орбан, пристигна и од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
-Честитки за Премиерот Виктор Орбан за убедливата победа изразена со 2/3 мнозинство во број на освоени пратеници, Унгарија е на вистински пат, а Македонија има голем пријател!, напиша Николоски на Фејсбук.
Честитки за Премиерот Виктор Орбан за убедливата победа изразена со 2/3 мнозинство во број на освоени пратеници, Унгарија е на вистински пат, а Македонија има голем пријател!
Posted by Aleksandar Nikoloski on Monday, April 9, 2018