12.8 C
Skopje
Thursday, May 22, 2025

Пратениците утре на седница за доверба на Владата

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 11 часот ја закажа седницата за доверба на Владата, побарана од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Џафери за четврток, пак, ги одложи продолженијата на три седници, што беа планирани за денеска, а на кои како останати точки од дневниот ред се реформските закони.

Во известувањето од Собранието стои дека 22-та, 34-та и 35-та седница наместо денеска ќе продолжат во четврток на 12 април во 11:00 часот.

На 22. седница се измените и дополнувањата на законот за Заштита на сведоци, по скратена постапка, на 34-та е дополнувањето на Законот за судовите, во второ читање, а на 35-та се дополнувањата на Законот за јавното обвинителство и Законот за кривична постапка, во второ читање.

Во четврток се очекува да биде закажана уште една седница на која ќе се гласаат и законите за следење на комуникациите, што денеска треба да поминат на Комисијата за одбрана и безбедност.

поврзани објави

     

Последни објави