3.8 C
Skopje
Saturday, December 21, 2024

Роналдо на следниот натпревар ќе брка четири рекорди во ЛШ

Уште се не постигнал

Можеби мислевте дека во ова натпреварување веќе постигнал се, но… Кристијано Роналдо веќе на следниот натпревар против Јувентус, кој се игра на Сантијаго Бернабе, има прилика да сруши уште неколку рекорди во Лига на шампиони.

Во случај на победа против Јувентус Роналдо би стигнал до својата 99. победа во Лига на шампиони, со што би бил во врвот на листата на играчи со највеќе победи во ова натпреварување. Во моментов тоа место го дели со својот бивш соиграч Икер Касиљас, кој исто така е со 98 победи во ЛШ.

Португалецот во првиот дуел од овие тимови постигна два гола, но доколку во реванш натпреварот успее да дојде до хет-трик, ќе стане играч со највеќе хет-трикови во историјата на Лига на шампиони. Ова место сега го дели со Лионел Меси, а двајцата имаат по седум. Роналдо својот последен хет-трик во ЛШ го има забележано во полуфиналето против Атлетико Мадрид минатата сезона.

Можеби е глупо да се зборува за тоа баш пред дуелот со Јувентус, кој никогаш не беше “канта за потценување“, но Роналдо има желба до крајот на кариерата на еден натпревар во ЛШ да постигне пет голови. Највеќе постиганл во Малме 2014 година (четири), а според таа статистика му гледа во грб на Лионел Меси и Луиз Адриано, кои, успеаа да постигнат по пет голови на еден натпревар.

 

https://www.youtube.com/watch?v=5lfsZuk7oaY

поврзани објави

Последни објави