7.8 C
Skopje
среда, ноември 19, 2025

Абрамовиќ со руска лекција во фудбалскиот свет – мултимилионска понуда до Нејмар!

Не престануваат шпекуалциите околу тоа како би изгледал “новиот“ Челси од следната сезона, кој се ќе замине од тимот, но и кој ќе пристигне.

Она што повеќе ги интересира навивачите на Сините од Лондон е токму второто прашање – кој ќе пристигне на Стемфорд Бриџ?

Според наводите изнесени во англиски медиуми, сопственикот на Челси Роман Абрамовиќ во повеќе наврати нагласил дека Азар ќе остане во тимот на Челси без разлика на сите шпекулации изнесени во фудбалскиот свет.

Но, она што крена прашина во целиот овој период е тоа што покрај убедувањето дека Азар ќе остане во Челси, тој би добил и врвни соиграчи кои би му помогнале на клубот да се врати на шампионските патеки. Токму еден од тие врвни играчи е Нејмар, за кого долго време се пишува дека негова следна дестинација е Сантијаго Бернабе.

Според пишувањата на одредени медиуми од светот, Роман Абрамовиќ сака наредната сезона да го види својот тим како шампион, а за тоа дебело ќе го одврзе ќесето и нитумалку нема да штеди. Рускиот тајкун ќе се обиде да му пркоси на Реал во неговата цел, а тоа е трансфер на Нејмар во клубот од Мадрид.

Според многумина, Абрамовиќ е решен да добие играч кој би можел да ја врати мотивацијата кај останатите играчи, но и кој би можел лично, преку својата игра да придонесе за враќање на Челси на шампионскиот трон во Англија. Доколку овој трансфер се оствари во текот на ова лето, тогаш ова ќе биде најскапиот трансфер во историјата на фудбалот и едно од најжешките лета за фудбалскиот свет во Англија.

поврзани објави

Последни објави