Потпретседателот и пратеник на СДСМ Александар Кирацовси во денешното сведочење пред судот во предметот обид за убиство врз Претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, рече дека на 27 април во Собранието на Република Македонија, Влатко Ѓорчев, Александар Флоровски и уште неколку лица имале заштитничка улога, односно се обидувале да ја смират топлата која ги напаѓала пратениците тој ден.
-Влатко Ѓорчев беше удрен со шлаканица, но не се поколеба. Продолжија да смируваат – рече Кирацовски и притоа додава дека поради таа нивна заштитничка улога, си наштетиле сами на себе.








