14.8 C
Skopje
Tuesday, March 11, 2025

Мисовски: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги отворат срцето и душата и да се оградат од претходното раководство

Се сеќавате на рекламниот спот – Отвори го срцето, отвори ја душата! Затоа велам дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ требаше да го отворат срцето и душата и да се оградат од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, рече пратеникот Горан Мисовски од СДСМ од денешното обраќање од собраниската говорница.

– Де ни биле виновни американците, Вашингтон, Брисел. Ние престанавме да бараме виновници и почнавме одговорно да се однесуваме како власт. Ве охрабруваме, правете ги вистинските потези за граѓаните на Република Македонија. Очекувам дека и последната пречка ќе биде надмината и ќе биде решен спорот за името, со што конечно Македонија ќе биде полноправна члена на ЕУ и НАТО. 

Денеска ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да слушаат дека слободно се говори, основните човекови права се обезбедени, постои слобода на медиумите. Но, затоа тие денеска мора да слушнат дека мораме заедно да се бориме за подобро утро. Мораме да пратиме јасен сигнал во Брисел, дека заедно ќе се бориме за нашата иднина.

Господине Заев, бидете релаксирани, оваа интерпелација нема да помине, продолжете да се борите за концептот – “Едно Општество“. На оваа држава и должиме светла иднина. Ние сме должни, тоа им го ветивме на граѓаните. Оваа Влада, заедно со поддршка на опозицијата, ќе биде исчекор во демократските процеси на Република Македонија.

поврзани објави

Последни објави