18.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

Ѓорчев: Еден метар асфалт не ставивте, пуштате патишта направени во време на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев во своето обраќање од првата дискусија после 14 март, рече дека тие како пратеници на опозицијата не смеаат да поднесуваат амандмани и дека тоа нивно право е суспендирано. 

Една шајка не е закована, што е подобрено? Доаѓаме до главното прашање кое секој граѓанин на Република Македонија ќе треба да си го одговори а тоа е – Дали живеете подобро од пред една година? 

Никој не живее подобро, затоа што ниту една фабрика не е отворена, каде е Фејсбук, каде е Гугл, каде се повисоките плати, пензии, стипендии? – Праша Ѓорчев.

Фени затворено, Југохром има ли абер дека ќе се отвори за два месеци. Ќе го отворите ли Југохром за 50 дена Премиере? Вие преземавте обврска за тоа, додека вашите луѓе го затворија. Пред два месеци се укинаа царини за акумулатори, ќе дојдеше голем инвеститор, не знам дали Тесла Моторс или Тојота. Еве ги укинавте царините, тоа е поволно за вицепремиерот Кочо Анѓушев, но не и за државата Премиере, рече Ѓорчев.

Во своето обраќање Ѓорчев рече дека еден метар асфалт не е ставен од оваа влада на СДСМ, бидејќи сето тоа претходно било направено. Сега ќе го пуштате патот кој е направен во време на ВМРО, абер немате за нови патишта. Нема област, нема економски индикатор кој се подобрува, имаме најлоша економија во Европа со 0 раст, што се работи, праша Ѓорчев и притоа додаде:

– Се продава името, се е фрлено на една карта!

Анонимуси го малтретираат Сашко Кедев. Што аир вие имате од тоа што го малтретирате Едмонд Темелко. Кога ќе видам некој балканска држава, која ќе малтретира свој градоначалник во друга држава, кажете ми…

Македонија е единствена држава која го малтретира својот единствен градоначалник кој го има во туѓа односно друга држава. Не постои друга таква држава, рече Ѓорчев. 

поврзани објави

Последни објави