8.8 C
Skopje
петок, мај 1, 2026

Самка VS Горан: Јас сум Тито за тебе, твојот завршеток ќе биде многу лош!

Јас за времето на ВМРО никогаш не сум бил министер. Се што добиле ромите, добиле за време на СДСМ. Јас како пратеник ќе покренам иницијатива за тоа како си го стекнал своето богатство. Со овие зборови му се обрати пратеникот Самка Ибраимовски на својот колега од ВМРО-ДПМНЕ

– Самка Ибраимовски е познат во Тетово, Самка е Тито за тебе, тоа да го знаеш. Твојот завршеток ќе биде многу лош, јас лично како пратеник ќе се ангажирам за да видиме како си го стекнал твоето богатство.

Пратеникот Горан Манојлоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека оној за тој кој што треба да се покрене постапка за тоа како го стекнал богатството е токму Самка Ибраимовски.
– Вие господине Ибраимовски во вашата фирма злоупотребувавте лица со посебни потреби. Не им дававте плата. Како човек што патува од Тетово, сигурно ги гледате луѓето кои што питачат на улицата. 

поврзани објави

Последни објави