Алијансата за Албанците за интерпелацијата на Владата ќе биде воздржана. Според лидерот на партијата, Зијадин Села, премиерот Зоран Заев не ја заслужил поддршката.
Јас ја дадов поддршката кога беше избран за премиер, денес не ја заслужуваш. Гласот на Алијансата за Албанците ќе биде воздржан. Во собраниската сала има луѓе кои живеат со логиката – Умре цаорт, да живее царот. Ова го велам со жалење, еден режим се урна за да дојде друг, рече Села во своето обраќање.