Владата на СДСМ и ДУИ вечерва ја доби довербата од пратениците од мнозинството, откако не беше прифатен односно изгласан предлогот за интерпелација на владата.
По предлогот За гласаа 40 пратеници од опозицијата, 62 пратеници беа против овој предлог, а 2 беа воздржани.
Во текот на целиот денешен ден пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја поднесоа како што рекоа бидејќи сметаат дека Владата нема капацитет за водење на институциите.
Според ВМРО-ДПМНЕ оваа влада не направила ништо посебно во овој период. За СДСМ враќањето во Собрание е поврзано со реформските процеси кои мора да се случат, а не поради интерпелацијата на владата.
Свое обраќање имаше и премиерот Зоран Заев кој рече дека наследиле урнисана држава. Тој говореше за приоритетите на Владата и ги нагласи заложбите на неговата Влада за интегрирање на Македонија во ЕУ и НАТО.

