21.8 C
Skopje
сабота, април 18, 2026

Какво образование и искуство има Љубе Бошковски за привлекување на странски инвестиции?

Екс премиерот Никола Груевски во синоќешното обраќање од собраниската говорница, на седницата за интерпелација на Владата на Република Македонија, не пропушти да го спомене и неговиот некогашен сопартијец, а сегашен претседател на Обединети за Македонија Љубе Бошковски.

Економскиот тим на Зоран Заев е зајакнат и со Љубе Бошковски, кој го зазема местото на Алек Никовски како советник за инвестиции. Тој пред да ја добие понудата за советник за инвестиции повеќе од 20 години работеше во лондонскиот финансиски центар наречен City, и како врвен експерт е отстранет и на негово место е назначен господинот Бошковски за кого немам чуено дека барем приближно има вакво искуство, контакти или образование, рече Груевски.

Груевски зборуваше и за другите кадри на Владата на Заев, правејќи споредба со кадрите кои биле во неговата влада.

поврзани објави

Последни објави