17.8 C
Skopje
сабота, април 18, 2026

Дел Пјеро контра Буфон: Тој згреши, тешко ми беше да го разберам

Четвртфиналниот реванш меч меѓу Реал Мадрид и Јувентус во Лигата на шампионите заврши со контроверзен момент и пенал за „кралевите“ со кој беше решен победникот во овој двобој.

Судијата Мајкл Оливер се одлучи да досуди удар од 11 метри во судиското продолжение по дуелот меѓу Васкез и Бенатија на што шестоко протестрираа гостите со тоа што во прв план беше капитенот Буфон кој доби црвен картон за својата реакција.

Пеналот беше реализиран од Роналдо за конечни 3-1 и пласман на Реал во полуфиналето. Ова секако беше голем удар за „бјанконерите“, па дури и големиот Буфон кој важи за голем спортски џентлмен без влакна на јазикот го „поздрави“ Оливер нарекувајќи го човек со канта за ѓубре во градите.

Буфон: Да досудиш ваков пенал значи дека наместо срце, во градите имаш корпа за ѓубре

Со оваа реакција на Џиџи не се согласува неговиот долгогодишен пријател и колега од репрезентацијата и Јувентус, Алесандро Дел Пјеро кој порача:

-Кога Џиџи зборуваше за судијата… Искрено, тешко ми беше да го разберам. Не сфаќам зошто треба да се враќаме на првиот меч, тоа е фудбалот, го анализирате моментот без разлика дали е добар или лош. Мислам дека за неколку дена ќе каже различни работи за судијата, -истакна Дел Пјеро за „Скај“.

Извор: Дерби.мк

 

поврзани објави

Последни објави