fbpx
11.8 C
Skopje

Музиката помага против губење на меморијата

АКТУЕЛНО

Медитацијата или слушањето музика има големо влијание врз повозрасните луѓе кои започнале да го губат својот памет. Ова го покажува најновото истражување на универзитетот во Западна Вирџинија, САД, според кое ваквите практики може да го забават развојот на Алцхајмерова болест.

За време на контролен преглед 60 возрасни пациенти кои страдаат од субјективно слабеење на когнитивните функции, што само по себе може да претставува рана фаза на Алцхајмеровата болест, требало да почнат или да практикуваат медитација за почетници, или да слушаат редовно музика.

Без разлика кое од двете практики ќе применуваат пациентите, тие тоа треба да го практикуваат 12 минути секој ден во текот на следните 12 недели.

Резултатот од тоа беше значително подоборување на својата когнитивна функција во рамките на 3 месеци. Ова вклучува и некои од раните фази на деменција како внимание, меморија, извршување на задачи и друго. Покрај подобрувањето на мозочната функција и двете групи имаат пријавено и за здрав сон, подобро расположение, намален страс и комплетно квалитетен живот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -