6.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

На Мадона и се заканува апсење поради заканите до Трамп

Американската пејачка Мадона изјави нејзините зборови на протестниот марш против претседателот на САД Доналд Трамп во Вашингтон биле разбрани неправилно и извадени од контекст од медиумите. Поради нејзиниот говор таа доби остри критики.

Тајната служба која има задача да се грижи за безбедноста на претседателот на САД, ќе отвори истрага против 58 годишната пејачка Мадона, која во својот говор користеше пцовки и повикуваше на револуција, за која како што велеше, мора да има и жртви.

“Бесна сум. Да, многу размислував за тоа да ја кренам Белата куќа во воздух. Дури иако знам дека тоа нема да промени ништо. Но, не смееме да паднеме во очај”, порачала популарната Мадона.

На реакција од надлежните не се чекало долго. Од Тајната служба е потврдено дека започнала истрага.

 

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави