Два месеци по смртта на младите Калина и Александар јавното обвинителство сеуште ја чека документацијата од грчката страна за трагичниот настан на врвот Кајмакчалан. Од ОЈО за ТВ24 велат дека за документацијата била побарана и меѓународна правна помош, а по вчерашниот распит на првиот човек на федерацијата Јовица Угриновски a се сослушуваат и сведоци
„Предметот е во предистражна постапка и надлежниот јавен обвиител ги презема сите неопходни дејстввија во насока на расветлување на настанот. Се анализираат известувањата што ги обезбеди министерството за внатрешни работи по наредба на јавниот обвинител. Преку меѓународна правна помош побарана е целокупната документација од Р. Грција во врска со настанот, а во тек е сослушување на лица во својство на сведоци.“ – велат од ОЈО.
Роднините на двајцата планираи, пак откако вчера ја прозваа државата и ОЈО за тромавост во истрагата, денеска велат дела од медиумите дозбнале до каде е процесот. Тврдат дека ОЈО мора да ги информира и да бидат вклученои во секоја фаза.
„Согласно праксата на судот во Стразбур, истрагата во овие случаи треба да биде брза, транспарентна и енергична, а фамилиите на покојните, треба да бидат вклучени од првиот момент и да бидат известени за секое преземено дејствие и акт, заради заштита на нивните легитимни интереси и без тоа изречно да го бараат. Затоа, зачудува околноста што целата јавност и блиските, дознаа од медиумите за сослушувањето на Угриновски, кој е и тоа како важен сведок, со оглед на хаосот во одвивањето на планинарските спротови.“ – стои во писмото од семејствата.
Извор: ТВ24