-0.2 C
Skopje
Tuesday, January 21, 2025

Колач со банани и карамел прелив

Состојки:
– 2 парчиња банани
– 2 филџни брашно
– 2 јајца
– 1/2 чаша јогурт
– 1/2 чаша масло
– 100 гр. чоколадо
– 2 лажички прашок за пециво
– 1/4 лажичка сол

За глазура:
– 100 гр. карамел бонбони
– 4 лажици свежо млеко

Подготовка:
Измешаје ги јајцата заедно со шеќерот со помош на миксер и потоа додадете ги јогуртот и маслото. Измешајте ги брашното заедно со прашокот за пециво и солта. Со континуирано мешање, додадете ги во смесата со јајцата.

Исечете ги бананите и чоколадото на големо и додадете ги во смесата. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути во калап за куглоф. Проверете со чечкалица дали тортата е печена.

Кога тестото е готово, подгответе ја глазурата. Во мало тенџере ставете ги бонбоните и свежото млеко на ниска температура. Мешајте се додека не добиете хомогена смеса. Истурете ја топлата глазура врз тестото.

На здравје!

поврзани објави

Последни објави