Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, која на 19 април најверојатно ќе има свое обраќање во Собранието на Република Македонија порача дека сега е вистински момент за постигнување промени за да се направи неповратен напредок на земјите од регионот кон ЕУ.
Могерини истакна дека Западен Балкан е Европа и дека земјите од овој регион ќе бидат дел од иднината на Европксата Унија.
– Тоа е прашање на заеднички интерес и заеднички одговорности што ги делиме со земјите од регионот во корист на сите наши граѓани“, рекла Могерини, се наведува во соопштението на Европската служба за надворешни работи.
Покрај посетата на Република Македонија, Могерини ќе ги посети и соседните земји на нашата држава, Албанија, Црна Гора и Србија.








