Високи ирански претставник го предупреди Израел да не го провоцира Иран. Тоа следува еден ден откако израелскиот премиер испрати предупредување кон Техеран, пренесуваат тамошните медиуми.
Али Ширази, помошник на иранскиот врховен духовен водач Али Хаменеи, вели, цитиран од иранската новинска агенција Фарс, дека Иран е способен да ја уништи еврејската држава. “Ако дадете повод на Иран, Тел Авив и Хаифа ќе бидат избришани од лицето на земјата“, рече тој.
За време на церемонијата по повод Холокаустот вчера изреалскиот премиер Бенџамин Нетјанху го предупреди Иран “да не ја става на тест решителноста и трпеливоста на Изреал“.








