7.8 C
Skopje
среда, ноември 19, 2025

Избран најдобриот играч во Лига на шампиони: Да, нелогично е…

Рома шокирала Барселона со 3-0 со победа во Рим во вторник навечер успеа да се пласира во полуфинале од Лига на шампиони. Малкумина се тие кои веруваа дека Римјаните после 4-1 триумф на Барселона на Камп Ноу ќе успеат да се пласираат во полуфинале, но Един Џеко и друштовото успеаа да направат чудо.

Во изборот за УЕФА – најдобар играч во ЛШ за минатата недела имаше неколку кандидати: Садио Мане, Един Џеко, Марио Манџуќич, Арјен Робен…

Одлуката на посетителите на страницата на uefa.com е да на крајот наградата ја понесе Мане, иако и Мохамед Салах е многу повеќе заслужен за успехот на Ливерпул, а да не зборуваме и за головите на Манџуќич во Мадрид.

Навистина е нелогично наградата да ја понесе Мане, но јасно е сепак дека токму нивните фанови се најупорни во кликање, па Мане можеби и не заслужено го понесе епитетот фудбалер на неделата.

поврзани објави

Последни објави