4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Горивата поевтинуваат за половина до еден денар

Малопродажните цени на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинствата од ноќеска на полноќ се намалуваат од половина до еден денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според Одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 66 денари за литар, на Еуродизелот ќе изнесува 52,5 денари и на Екстра лесното 41 денар. Кај овие горива намалувањето од актуелните цени е еден денар, додека цената на Еуросупер БС-98 се намалува за половина денар и ќе изнесува 68,5 денари за литар.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар изнесуваше 54,2 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 57,93 денари за долар.

поврзани објави

Последни објави