3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Асад: Нападите ја зајакнуваат решеноста на Дамаск да продолжи со борбата против тероризмот

Сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска порача дека нападите што рано изутринава ги изведоа САД, Велика Британија и Франција врз цели во Сирија, само ја зајакнуваат решеноста на Дамаск да продожи со борбата против тероризмот.

Ваквата изјава, како што соопшти Кабинетот на сирискиот претседател, Асад ја дал во телефонски разговор со неговиот ирански колега Хасан Рохани,

– Таквата агресија само ја зајкнува решеноста на Сирија да продолжи да се борби и да го уништи тероризмот во секој дел од нејзината територија, рекол Асад.

МИА

поврзани објави

Последни објави