3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Пенс: Деградирани капацитетите за хемиско оружје во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска изјави дека воздушните напади на САД, Франција и Велика Британија врз Сирија ги „деградираа и осакатија“ капацитетите за хемиско оружје на таа земја.

Пенс на маргините на Панамериканскиот самит во Перу, го информираше канадскиот премиер Џастин Трудо дека Доналд Трамп „му покажал на светот“ дека САД „нема да толерираат хемиско оружје“.

– САД се подготвени да ги задржаат таквите напори, ако биде неопходно, посочи Пенс, додавајќи оти се надева дека Русија и Иран засекогаш ќе се откажат од хемиско оружје против невини цивили.

Трудо истакна дека воздушните напади биле „несреќни, но неопходни“.

Врз Сирија синоќа беа истрелани повеќе од сто ракети како одговор на наводниот напад хемиско оружје во Дума.

поврзани објави

Последни објави