11.1 C
Skopje
Monday, October 7, 2024

Заев: Влегуваме во пролетна офанзива

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев детално одговараше на прашањата на новинарите на темата на економските постигнувања и на реформите во оваа сфера, на отворениот брифинг со новинарите.

Тој на почетокот подробно ја опиша затекнатата, „душмански“ уништена економија заради долговите и истакна дека само долговите за „Скопје 2014“ и за општините ја надминаа бројката од 380 милиони евра.

Премиерот Заев информираше дека до крајот на јуни ќе бидат исплатени долговите од проектот „Скопје 2014“ и долгот од 120 милиони евра на општините.

Според премиерот, поранешната популистичката политика од правела притисок врз општините да работат без разлика дали имаат пари и финансиско покритие или не, и дека актуелниот долг во кој биле втурнати општините има сериозни импликации врз испорачување на услугите на локално ниво кон граѓаните и мора да го решиме.

Погубното реализирање на инфраструктурните проекти дополнително ги поскапе и го одложи нивното реализирање.

„За дел од аспектите не постоеше проектна документација. Проектот за автопатот Миладиновци – Штип немаше решено експропријација, не беа поместени далноводите, а треба да продолжите во реализацијата и апсолутно да потпишете анекс заради временскиот рок кој веќе беше пробиен и беше до крајот на април или почетокот на мај, а Владата беше избрана на 30 мај, беше пробиен рокот. И тогаш тргнувате да ги решите сите претходни прашања, да го испреговарате анексот со самите датуми и Парламентот го донесе“, истакна премиерот Заев.

И во проектот Кичево – Охрид имало многу пропусти кои требало да се исправат со нов анекс и продолжување на роковите, а со дополнителни анекси за ангажманот на кинеските фирми, се плаќало една сума, а тие на македонските подизведувачи им за 57 отсто помалку.

„Ете од каде се извлекувале пари за провизиите. И сега ние не можеме така да преговараме со Кинезите. Тука тој преговарачки процес мора да биде нов на аргументи, со експертиза да го дефинираме договорот за да продолжи и во тој дел решавањето на овој патен правец кој патем се гради.

Премиерот Заев укажа дека се водат преговори за да не се плаќаат пеналите за да не поскапи проектот дополнително, и дека проектите мора да продолжат.

„Сега влеговме во пролетна офанзива“, рече премиерот Заев, и додаде дека се обезбеден 270 милиони евра за 800 километри патишта.

„Ги забрзавме капиталните инвестиции во железницата во Македонија. Беше застаната првата фаза на пругата до бугарската граница, Куманово – бугарска граница и сега тоа го откочивме. У таму имаше слабости ка изведувачите. Ја направивме проектната документација и за втората фаза и обезбедивме грант од 70 милиони евра“, рече премиерот Заев.

Тој појасни дека е подготвена и третата фаза, со поддршка од ИПАРД 2014-2022 со нови 60 милиони евра и дека се бараат начин за финансирање на крупната секвенца од Коридорот 8 во железницата – пругата Кичево – Лин, Во Албанија за која ќе бидат обезбедени 529 милиони евра. Пруга која ќе ги поврзе Драч со Скопје и Софија со Истанбул, како стратешки интерес за државата

„Веќе влеговме во проектирање на секундарната мрежа во градовите паралелно со развивањето на примарната, национална гасоводна мрежа. Почнавме со изградба на мрежите во градовите. Тоа значи и екологија, мерка за отстранување на загадениот воздух во Скопје, Битола, Тетово, во сите градови каде што го има. И тој проект го тераме понатаму“, додаде Заев.

Премиерот информираше за нови инвестиции во енергетиката во делот на ветерниците во висина од 50 милиони евра, и дека нема повеќе да се губи време за изградба на системот хидроцентрали Чебрен и Галиште.

„10 години Македонија изгуби за Чебрен и Галиште. Одиме на малата варијанта која што има висок процент на враќање на парите и ќе ја прави самата државата. Ќе видиме дали прво домашните банки ќе ни најдат пари, кои што во најмала рака треба да бидат евтини како што добиваме пари од надвор, и дали сите домашни компании ќе влезат да градат внатре. Проектот вреди 220 милиони евра. И ќе обезбеди работа за преку 60 со 70% од градежните компании во Република Македонија.

Премиерот Заев соопшти дека градежните компании ги очекува ангажман и кај мега проектите на Лимак и на местото на некогашниот Скопски Саем. Двата одделно со вредност од по 200 милиони евра.

„Тоа не се споменици и апсурдни музеи, туку реални, вредни проекти“, потенцираше премиерот Заев, и наброја информации од уште цела серија разговори за странски инвестиции.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во делот на враќањето на парите кај граѓаните најави и проекти кои со големи заштеди ќе обезбедат функционирање на други, поквалитетни сервиси за граѓаните.

„Има распишано тендер за биохемиските препарати од лабораториите. До сега државата плаќала 21,5 милион, од кои 6,5 милиони годишно биле за поправка на сите апарати, во сите 126 здравствени институции во Македонија, и 15 милиони евра за препаратите. Сега веќе имаме понуди за вкупно 15 милиони евра. Тоа е за 6,5 милиони евра поевтино. Ако ги централизираме клиниките, преку централните јавни набавки, и ако ги намалиме трошоците по управни одбори, за комисии кои што одлучуваат насекаде, имаме право да очекуваме дека ќе обезбедиме пари за плата до 100 илјади денари за лекарите и 8-те милиони евра кои што ни требаат за да го воведеме бесплатното болничко лекување за сите. Значи, не со нови кредити, туку со штедливо работење“, нагласи премиерот.

Премиерот Зоран Заев на денешниот брифинг со новинарите рече дека донесувањето на прогресивното или фер оданочување ќе влијае на социјалните аспекти во државата. Само треба да се избере најсоодветниот модел.

„Ако успееме, а тоа ќе го знаеме до крајот на септември оваа година ќе бидеме подготвени од 1 јануари да донесеме закон и одлуки социјалната помош од просечно 4.200 денари да ја покачиме на 11.550 денари. Тоа не е покачување за 10 отсто, туку е три пати повеќе и е за најсиромашните и најранливите категории. Ама притоа тие мора да прифатат работа кога ќе им понуди државата. Не може да се водат на 12 илјади денари, а да одбиваат работа. Активните баратели мора да прифатат работа“, истакна премиерот Заев.

Тој додаде дека во државата има ранливи категории кои социјалната помош ја добиваат од тој аспект.

„И ако тоа го успееме се создава резервоар од финансиски потенцијал за да воведеме државна социјална пензија. Во државата имаме повеќе од 15 илјади мажи кои навршиле 65 години, немаат 15 години стаж и немаат пензија. И не може државата да не се запраша од што живеат тие луѓе. Државата мора да води грижа за нив, затоа што работеле 14 години, давале свој придонес или најголем број се земјоделци кои плаќале ДДВ, даноци и сметки. Тоа мора да го исправиме“, рече Претседателот на Владата на РМ Заев.

Според премиерот, целиот овој пакет мерки е целосно поврзан со транспарентноста и чесноста, која мора да ги реализира непродуктивните трошоци и да донесе штедење за да се реализираат ваквите аспекти.

„Ако успееме 60 отсто од тоа што го планираме, тогаш ќе постигнеме раст од 3,2 отсто, а ако реализираме 80 отсто ќе имаме раст од 4 отсто“, додаде премиерот Заев на оваа тема, и порача дека и јавната администрација треба да работи квалитетно за да има покачување на нивните плати.

Според премиерот Заев и враќањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе придонесе за подобрување на климата за инвестирање.

„Враќањето на опозицијата во Собранието ќе придонесе за нови инвестиции. Ние досега потпишавме договори за инвестирање со 10 странски компании, без еден денар потрошени за промоција во медиуми и за роуд шоа. Со 200 компании сме во преговори. ВМРО-ДПМНЕ вели дека тие ни ги донеле инвестиции. Да, точно е, дел од нив можеби биле во преговори со претходната влада. Преговарале со владата, ги снемало, па сега повторно се враќаат. Нека биде тоа заеднички успех во Македонија за сите. Дајте да го кренеме БДП-то“, порача премиерот рече Заев од брифингот со новинарите.

Премиерот потенцираше дека успехот на економските реформи, иницијативи и странските инвестиции ќе ја поттикнат побарувачката за работници.

Заменик претседателката на Владата на РМ и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на отворениот брифинг со новинарите се вклучи во делот на претстојните реформи кои се исклучително важен фактор за правната сигурност на граѓаните, како и за сигурноста на инвеститорите за нивните бизнис иницијативи.

„Враќањето на опозицијата во Собранието е важно заради учеството на целиот парламент во донесувањето на пакетот закони за судските реформи. Во голема мера заеднички ги усогласивме ставовите. Поднесовме заеднички усогласени амандмани помеѓу власта и опозицијата, ги прифативме сугестиите што дојдоа од страна на здружението на судии, на други професионални здруженија, советот за реформи на правосудството, каде што се луѓе од фелата, и ќе покажеме дека сево ова не може да се сведе само на договор помеѓу партиите во Парламентот, па макар и биле со огромно мнозинство“, истакна вицепремиерката Шекеринска.

Таа додаде дека промените се видливи, демократскиот амбиент променет за што сведочи и одговорноста и подготвеноста на владата да одговори на секое, па макар колку и да е незгодно и тешко прашање.

Во таа насока беа и завршните зборови на Претседателот на Владата на РМ Зоран Заев кој нагласи дека претставниците на владата сега внимателно слуша, ги прифаќаат аргументираните укажувањата, и ги вградуваат во новите иницијативи.

„Во тие важни процеси за земјата свое соодветно место имаа и имаат и медиумите. Останува и понатаму да соработуваме во името граѓаните, во името на јавниот интерес, во име на перспективите на нашата земја. Не очекуваме да не штедите. Напротив, бидете активни, следете не, дишете ни во врат, како што треба да прават медиумите, новинарите. Јас верувам, министрите во владата веруваат, моите соработници се уверени дека само така е исправно. Очекувам дека и понатаму ќе има интерес за вакви средби. Ве охрабрувам тоа да дојде и како ваша иницијатива“ истакна премиерот Заев на отворениот брифинг со новинарите.

поврзани објави

Последни објави