20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Харадинај за војната: Не знам дали сум убил човек, можно е, војната е војна

„Не знам дали сум убил човек, можно е“, рече косовскиот премиер Рамуш Харадинај, цитиран од Б92. Премиерот во Приштина денес даде широко интервју за телевизијата „Хепи“.

Запрашан дали убил човек, тој одговорил: „Не знам. Можно е. Војната е војна“.

„Јас облеков униформа, свесен за последиците. Изгубив двајца браќа во униформа, а српскиот војник исто така мисли кога оди во војна. Ако не можете да го поднесете тоа, тогаш невлегувај во конфликт“, смета Харадинај.

Харадинај рече дека Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија го прогласил за невинове.

„И двата процеса во Хаг, кои се водеа против мене (2007-2008 година и 2008-2012 година), ја докажаа мојата невиност. Обвиненијата за убиства, силувања и репресија против албанско, српско и ромско население не издржаа пред судиите“, рече поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово.

поврзани објави

Последни објави