21.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Татко на убиено момче кај Смилковско Езеро побара приведуање на Заев и претрес на седиштето на СДСМ

Како што пишува порталот СДК.МК, Горан Наќевски, татко на еден од убиените момчиња кај Смилковско езеро, побара од судијата Огнен Ставрев стражарно да го приведе премиерот Зоран Заев затоа што како политички противник на ДУИ им изнел конкретни докази за вмешаност на функционери од ДУИ во свирепото убиство. Таткото, под морална и кривична одговорност, изрази желба, неповикан, на денешното судење за предметот „Монструм“ да даде изјава и судијата Ставрев му дозволи.

Според она што го пренесува порталот СДК.МК, во изјавата таткото на убиеното момче го обвинува Заев дека откако се склучи коалицијата со ДУИ тој манипулира со доказите кои што можат да доведат до вистината за „Монструм“.

„Кога бевме кај Заев рече дека ќе ни даде 6 разговори државна тајна за 6 функционери на ДУИ. Но, подоцна тие станаа 5. ДУИ тогаш беше нивни противник. Заев ни ги покажа транскриптите, ни го посочи Невзат Бејта и ни покажа транскрипт од разговор меѓу Невзат Бејта и обвинетиот Фејзи Азири. Не го исполни ветувањето, од политички причини не ни ги даде тие 5 државни тајни“, рече Наќевски.

Таткото на убиеното момче побарало да се изврши претрес во седиштето на СДСМ, за каде што тврдат дека се наоѓаат транскриптите. Тие бараат соочување со Заев, за да докажат дека не лажат и измислуваат.

ИЗВОР: СДК.МК

поврзани објави

     

Последни објави