Sun. Oct 1st, 2023

Поранешниот број 1 ас во светот Рафаел Надал, обезбеди четвртфинале на гренд-слем турнирот Австралија Опен, откако денес го елиминираше францускиот тенисер Гаел Монфис со конечен резултат 3:1 (6:3, 6:3, 4:6, 6:4).

Надал за последен пат овој турнир го освои во 2009. година, а ова е негов 9. пласман меѓу најдобрите осум. Искусниот шпански тенисер по завршувањето на мечот изјави дека во Австралија се чувствува како дома, а за мечот кажа дека бил навистина тежок.

„Останав позитивен и одиграв неколку фантастични гемови. Мечот беше навистина тежок. После цели две години повторно сум во четвртфинале на гренд-слем, и навистина сум среќен. Во Австралија се чувствувам како дома“, изјави Надал по завршувањето на натпреварот.

Надал во четвртфиналето ќе се сретне со Милош Раониќ, кој претходно го совлата Баутиста со 3:1 во сетови.

By D.S

Leave a Reply

Your email address will not be published.