Fri. Sep 22nd, 2023

По реакцијата на здружението на заштита на животните „Анима Мунди“ дека мајмучнето Дино, починало од несоодветен третман на вработените во зоолошката градина, од таму веднаш излегоа со демант и ја објаснија ситуацијата.

Како што стои во соопштението, мајмунчето од раса павијани, Дино влегло во конфликт со друг мајмун од неговата раса, при шти се здобило со повреди на ногата. После ова веднаш било префрлено на Факултетот за ветерина, каде и починало.

„Дино веднаш беше префрлен на Факултетот за ветерина, каде му беше извршен оперативен зафат. За наша и Ваша жал, павијанот Дино почина“, изјавија од зоолошката градина.

Дино на јавноста и беше познато по тоа што боеше со боички како мало дете, и никако не заспиваше без своето кадифено мече.

By D.S

Leave a Reply

Your email address will not be published.