6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Водечката џез хип-хоп уметница АКУА НАРУ премиерно во Скопје

„Таксират 2.0“ годинава оди и на „Прво па женско“ каде заедно со Tiiiit! Inc. го организираат концертот на Акуа Нару на 6 мај во МКЦ.

„Една од водечките женски џез хип-хоп вокали премиерно со концерт кај нас и тоа со нејзиниот нов албум ‘The Blackest Joy’ кој излегува на 27-ми април!“, велат организаторите на концертот.

Инаку, музиката на Акуа Нару претставува комбинација на хип хоп, џез и соул. Себе си се опишува како политичка хип-хоп уметница и активистка. Нејзиниот звук го споредуваат со flow-то на Раким, поетиката на Лорин Хил и, конечно, во единствената моќ да говори во име на афро-американките, со Нина Симон. Акуа храбро јо комбинира „новата“ и „старата“ школа, бранејќи ги своите ставови со уникатни метафори.

поврзани објави

Последни објави