2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Почна да се соблекува на теренот, судијата го „казни“ на најдобар можен начин

Фудбалерите понекогаш знаат да претераат во своите обиди да пропуштат одреден натпревар пред оној најважниот кој следи за нивниот тим, се со цел да добијат петти жолт картон кој според сите фудбалски правилници во сите лиги значи пропуштање на наредниот првенствен меч.

Станува збор за аргентинскиот напаѓач, Херман Риверо.

Фудбалерот на уругвајски Дефенсор ги мина сите граници на лудило во фудбалот, па во обидот да заработи жолт картон, почна да се соблекува на теренот. Најпрво го соблече дресот, па продолжи и со чорапите и вадење на костобраните. Судијата добро ја процени неговата лоша намера, па го казни на најдобар можен начин со тоа што не му покажа жолт картон.

Извор: Дерби.мк

 

поврзани објави

Последни објави