Љубителите на фудбалот добро го знаат некогашниот играч на Челси и Лион Флорент Малуда.
Денеска 37. годишниот крилен играч зад себе има богата кариера и друи 80 настапи за репрезентацијата на Франција а моментално е член на екипата Differdange од Луксембург.
Последниот настап во дресот на Франција Малуда го имаше во 2012. Во меѓувреме тој изрази желба да настапи за земјата во која е роден. Француска Гвајана, нешто што го направи на Златниот Куп одржан минатата година.
Мечот против Хондурас во кој настапи го донесе до скандал и раководството на CONCACAF го суспендираше од остатокот на турнирот бидејќи не му дале дозвола за настап во новата селекција поради претходните настапи за Франција.
Натпреварот за кој настапил е регистриран со 3:0 за Хондурас, а Малуда добил забрана за настап за државата во која е роден.
После ова тој одлучи да упати жалба на Судот за спортска арбитража (CAS). Меѓутоа, CAS донесе одлука дека бившиот играч на Челси ги прекршил правилата и дека не може веќе да игра за селекцијата на Француска Гвајана.
Така Малуда остана без право на настап и селекцијата на Француска Гвајана во наредните натпревари ќе биде лишена од негова помош.