Поранешниот шеф на собраниското обезбедување, Горан Ѓошевски и екс началникот на МВР, Оливер Поповски, обвинети за крвавиот четврток во Собранието излегуваат од притвор со гаранција, објави телевизија „24“.
Кривичниот совет го прифатил предлогот на одбраната да се укине притворот со гаранција.
„Со правосилноста на решенијата и запишување на гаранцијата, мерката притвор ќе се укине, а заради обезбедување на присуство во текот на постапката им се определуваат и мерки за претпазливост“, соопштуваат од Судот.
Притворот му се укинува и на Захарие Симовски исто така обвинет за настаните во Собранието и му се определува куќен притвор.