7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ГДУ: Грција работи како Тројански коњ на Балканот

Грција во последните години упорно застапува позиции кои оставаат отворени прашања на Балканот кои до голем степен не дозволуваат интеграција на државите од Западен Балкан во структурата на НАТО и ЕУ.
Непризнавањето на Косово, кое е од интерес на Србија и се разбира на Русија, како и блокирањето на Македонија, поддршката на позициите на конфликт во Босна, како и константната конфликтност и несигурност во односите со Турција се оние геополитички моменти кои до голем степен го прават Балканот несигурно место и простор за реализирање на туѓи интереси.
Се надевам дека нашите сојузници ги оценуваат високо нашите напори како земја, но и заложбите на нашите граѓани за интегрирање на Македонија во НАТО и ЕУ.
Постои национален консензус од политичките субјекти без разлика дали се власт или опозиција, дали се парламентарни или вонпарламентарни. Оставањето простор на сомнеж би предизвикало чудни но и опасни внатрешно политички движења, кои би ја отвориле ширум вратата на популизмот.
Позицијата ДА за ЕУ а за НАТО „ќе видиме“ не е прифатлива за нас. Мнозинството граѓани на нашата земја сакаат да бидат дел од семејството на обединета Европа, но не помалку се стремат кон членство во семејството за безбедност-НАТО.
Очекуваме безрезервна поддршка од нашите стратешки партнери САД, со јасна цел Македонија да биде 30-тата членка на Алијансата. Ако се пропушти овој момент, имајки ја предвид голготата преку која помина Македонија искрено сме загрижени од можноста за нова дестабилизација како на нашата земја така и на регионот. Впрочем последните случувања во регионот одат во една таква насока.

ГДУ

поврзани објави

Последни објави