11.1 C
Skopje
Monday, October 7, 2024

Гвардиола обелодени што ќе биде приоритет на Сити во наредната сезона: Сакам да бидеме како машини…

Шпанскиот стратег, Пеп Гвардиола во својата втора сезона на кормилото на Манчестер Сити го фати посакуваниот правец и кампањата ќе ја заврши со два трофеи (Премиер лигата и Лига Купот).

Тоа секако ќе биде дополнителен поттик за уште подобри резултати, па и за напад на толку посакуваниот пехар од Лигата на шампионите, но Гвардиола не брза и уште од сега има поставено конретна цел за наредната кампања-тоа е да ја одбрани титулата во домашниот шампионат.

-Оваа сезона сфатив колку ќе биде тешко да се победи во ЛШ. Можеби не сум во право, но за да триумфирате во Лигата на Шампионите мора да освоите повеќе пехари во Премиер лигата по низа за да добиете почит дека сте врвен клуб. Се разбира, ние ќе се обидеме, но не знам дали сме подготвени како клуб, да имаме моќ на и надвор од теренот за да таму стигнеме. Јас би сакал како оваа сезона, да бидаме солидни во Премиер лигата, тоа е приоритет, апсолутно. Сега би потпишал наредната сезона да биде иста како оваа, -рече Пеп и додаде:

-Верувајте јас сонувам да играме во полуфиналето, финалето или да ја освоиме ЛШ. Знам колку е убаво, јас како играч и потоа како менаџер тоа го почувствував. Знам колку е убаво да ја завршите сезоната со тој трофеј. Но јас преферирам тим кој е тука секој ден како машина. Добри услови или лоши услови, дома или на гостински терен. Кога еден тим во деценија ќе триумфира осум или девет пати, тоа е врвот. Токму поради ова сакам да бидам фокусиран на Премиер лигата. Од подготовките, од првиот и вториот натпревар, -порача Гвардиола.

Извор: Дерби.мк

поврзани објави

Последни објави