0.8 C
Skopje
Tuesday, January 21, 2025

Обид за киднапирање на момче во тетовско: Го влечеле кон автомобилот, ги избркала сосетката

На 25.04.2018 година во Полициското одделение Групчин, З.И. (39) од с.Палатица  пријавил дека истиот ден околу 07:45 часот, додека заедно со неговиот 14-годишен син со патничко возило „Пежо“ со кумановски регистарски ознаки се движеле кон училиштето во с.Палатица, во еден момент патот му го попречило патничко возило возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки.

Од возилото излегле четири непознати лица кои се обиделе насилно да го внесат неговиот син во нивното возило.

Во тој момент излегла нивна сосетка држејќи вила во раката, по што лицата побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

поврзани објави

Последни објави