Златан Ибрахимовиќ изненадувачки во една сезона го напушти “Театарот на соништата“, одби исклучителна понуда од Кина и се упати кон Америка. Го облече дресот на Ла Галакси и веќе во своето деби со два сјајни погодиц покажа дека ќе биде големо засилување.
Последните недели швеѓанинот го забавува фудбалскиот свет со најава дека би можел да настапи на Мундијалот во Русија иако веќе се опрости од репрезентативниот дрес.
Бројни фанови ширум светот со воодушевување прифатија таква идеја бидејќи, како што вели Ибра, “што е СП без Златан“. Сепак, во Шведска не се баш воодушевени со неговите изјави. Така, да кажеме, голманот Карл – Јохан Џонсон верува дека враќањето на Ибра би ја нарушило моменталната хемија во екипата, која на СП се пласираше со сензационално исклучување од Италија во додатните квалификации.
– Успеавме да се пласираме на Светско и без него, па мислиме дека можеме и добро да играме во Русија без него. Но одлуката е на тренерот, зависи од тоа дали би сакал да го врати. Сигурен сум дека ако ни се придружи, ќе игра добро“, рече Џонсон додавајќи: Како тим, играме како колектив, сите играчи заедно. Со Златан, како играч кој е индивидуалец, играта се врти околу него. Сепак, без него играме повеќе како сплотен и единствен тим