1.8 C
Skopje
Wednesday, January 22, 2025

Лавров ги коментира руско-турските односи

Активниот развој на руско-турските односи покажува какво големо значење придаваат на тоа претседателитена Русија и Турција – Владимир Путин и Таип Реџеп Ердоган.

Ова денеска го изјави рускиот министер за внатрешни работи Сергеј Лавров на средба со неговиот турски колега Чавушоглу.

Ние имаме доста интензивен политички дијалог. Претседателите се во постојан контакт, интензивно се развиваат односите меѓу министерствата, економијата, транспортот. Се продлабочува соработката и за хуманитарните врски Интензивната динамика на нашето дејствување и соработка покажува какво големо значење придаваат на сето тоа претседателите Путин и Ердоган на развојот на руско-турските односи, истакна Лавров.

Тој забележа, дека на средбата со неговиот турски колега како добра можностда се направи преглед на тоа како се развиваат односите по сите тие прашања направени во рамките на двостраните односи, како и да се истакнат нивните мислења за одредени меѓународни проблеми, вклучувајќи ја и сириската криза.

поврзани објави

Последни објави