14.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

ШПАНСКИТЕ МЕДИУМИ ОТКРИЈА: Еве зошто Меси не беше присутен на прошталниот прес на Иниеста

Капитенот на Барселона Андрес Иниеста, легендарниот фудбалер на каталонскиот клуб става крај на својата кариера, а оваа сезона ќе биде негова последна во дресот на Барса.

Иниеста после 22 години реши да замине од фудбалскиот свет, а таа своја одлука ја соопшти на прес-конференција каде што емоционално се присети на неговите моменти поминати во клубот за кој што вели дека е негов дом и дека е навистина тешко да го напушти.

На прошталната прес-конференција имаше повеќе соиграчи во прес центарот на Камп Ноу, но не и лидерот на тимот Лионел Меси и неговиот соиграч Луис Суарез.

Бидејќи се крена многу прашина зошто двајцата фудбалери не му оддадоа почит со нивно присуство во прес-центарот се огласи каталонскиот клуб со соопштение во кое ги образложуваат причините поради кои не биле во можност да присуствуваат. Всушност, двајцата го пропуштиле обраќањето на Иниеста поради свои неодложни приватни причини, а за вистинските причини се потрудија да дознаат каталонските медиуми.

Имено, шпанскиот магазин Мундо Депортиво пишува дека првиот човек на Барса уште од поодамна имал закажан термин за обновување на пасошите заедно со својата сопруга и синовите, па токму оваа неодложна обврска направила да не се појави на пресот и да го пропушти последниот емотивен прес кој го одржа Иниеста како капитен на Барселона.

Истиот весник информира дека Лео всушност се поздравил со Иниеста во тренинг центарот и го испратил Андрес на најемотивното обраќање во својата кариера, а повеќе од сигурно е дека Аргентинецот ќе биде присутен на институционалното испраќање кое ќе го организира Барса во чест на својот капитен, а кое предвидено е да се одржи по крајот на сезоната.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави