4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

ВМРО: Србија не треба да биде дел од ЕУ

ВМРО- Бугарско национално движење излезе со став во врска со поредната српска провокација кон Бугарија. Од партијата протестираат остро против продолжувањето на шпекулациите за наводни бугарски ѕверства во Западните покраини за време на Првата светска војна.

“Држава, која ја искривува и отворено лансира лаги за историјата, индиректно покажува територијални претензии кон трети држави и асимилира преку различно методи бугарското малцинство, нема место во европското семејство, велат од патриотите.

Од ВМРО посочуваат, дека техничкото училиште “Никола Тесла“ и црковната општина во Судрлица објавиле конкурс на учениците во основните и средни училиште во Србија, Република Српска и српската дијаспора за одбележување на една година од објавувањето на сурдулишките маченици. Во објавата се вели дека “сурдулишките маченици страдале од бугарските злодела во Првата светска војна на територијата на југоисточна Србија, Вардарска Србија и Косово“. Пред година дена српската црква ги канонизираше тие луѓе со доста спорни аргументи, велат од патриотите.

ВМРО страда за судбината на секој невино загинат во војните. Во истото време тој нејасен од историска и канонична гледна точка акт не може да биде дежурно вметнан како вина на бугарите и Бугарија, се вели во нивниот став.

Според ВМРО исклучително тенденциозно е споменувањето на Вардарска Србија и покажува јасно непознавање на историската вистина, но и агресија спрема историјата и справедливоста, пропратена со цинизам. Вардарска Македонија, означена како Вардарска Србија, е дел од Македонија, кој беше освоен од Србија по 1913 година и населен со популација општо признаена како бугарска за време на Првата светска војна, се споменува во оваа позиција.

поврзани објави

Последни објави