Мохамед Салах воодушевува оваа сезона. Египетскиот Меси блеска во дресот на Ливерпул, со кој успеа да стигне до полуфинале на ЛШ. Првиот стрелец во Премиер лигата, е легитимен кандидат за „Златната копачка“. Веќе некое време се нагаѓа дека својата кариера би можел да ја продолжи во дресот на славниот Реал.
Во полуфиналето од Лига на шампиони го торпедираше својот бивш клуб, Рома, со два голови и две асистенции, па така докажа дека е во животна форма. Секој потег на египетскиот Меси е пропратен со неверојатна медиумска помпа. Кој знае, можеби Салах би можел да ја заврши сезоната како шампион во Европа. Сигурно од Салах многу се очекува на ова СП во Русија, а сите се прашуваат колку навистина може Египет?! Оваа селекција се наоѓа во Група А заедно со домаќините Русија, Уругвај и Саудиска Арабија. Русите веќе имаат главоболки поради фудбалерот на Ливерпул и смислуваат начин како да го запрат. Убедливо најдуховит предлог имаше ММА борецот, Khabib Nurmagamedov кој на инстаграм напиша: “Просто е, не му давајте виза!“