6.8 C
Skopje
Monday, March 17, 2025

Тешка сообраќајка на патот Гостивар-Кичево: Момче и девојка од Скопје со тешки повреди завршија на Клинички

Во текот на вчерашниот ден во 12:20 часот на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на т.н. Мавровска крстосница, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Пасат“ со тетовски рагистерски таблици управувано од З.М.(48) од с.Мала Речица и моторцикл “Јамаха“ со скопски регистерски таблици, управуван од М.Ф.(30) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот и неговата сопатничка Б.А.(28) и тие со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во гостиварската болница, но потоа биле препратени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.

поврзани објави

Последни објави