4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

СДСМ го честита Светскиот ден на слободата на медиумите и се обврзува да работи на дополнително унапредување на медиумските слободи

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија упатува честитки до новинарите, снимателите, фоторепортерите и сите медиумски работници во Македонија.

Нека е честит 3-ти мај, Светскиот ден на слободата на медиумите!

Истовремено, СДСМ се обврзува да продолжи да работи на подобрување на условите за медиумските работници и развивање на медиумските слободи согласно демократските стандарди и европските практики, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.

Медиумите се важен дел од секое современо општество и еден од клучните инструменти за демократизација, едукација и отчетност во секоја држава.

Сите може да бидат горди што го одбележуваме овој ден во слободна и демократска Република Македонија, земја што ги дели европските вредности и чекори на европскиот пат.

Новиот пристап на професионализација на институциите и градењето партнерски однос со медиумите, ослободени од било какви политички притисоци, ја гарантираат слободата на говор и ја унапредуваат транспарентноста.

Разбираме дека е потребно унапредување на условите за работа на медиумските работници и достигнување на што повисоки стандарди во медиумските слободи. Се обврзуваме тоа да го постигнеме заедно.

Македонија и нејзините граѓаните заслужуваат професионално и одговорно новинарство, заштитено од притисоци, со задоволни новинари и медиумски работници кои слободно создаваат, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.

поврзани објави

Последни објави