Да, митот за „притисокот врз судството” ќе се негува и во иднина. Ќе служи како мотив за еднолични прес конференции во кои де едните, де другите ќе се прашуваат…во наше време, во ваше време, додека ние, паствата,плебсот, заборавивме на нашето време, ние сме само објект во нечие друго време.
Не можевме да добиеме подобар подарок за Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 мај, од оној што вчера „нежните пратенички прстиња” ни го подарија – Законите за Судовите и за Судскиот совет. Тука особено се важни двајца „јуноши”, пратениците Љупчо Димовски и Владанка Авировиќ кои се исправија како столбови и го понесоа тешкото бреме на „реформите”.
Нескриеното задоволство од овој несекојдневен и несебичен пристап на членовите на законодавниот дом беше видлив и кај „левите” и кај „десните”, кај „федералистите” и „реформистите” ,сите се наредија за заедничка фотографија со Јустиција. Тоа е можеби очекувано поради секојдневната парада во која учествуваат многу нивни членови и каде што Јустиција одамна не е добредојден гостин. Погодувате нели?
Уверен сум дека откако на „експертите” кои ги стокмиле овие закони, кога ќе им завршат професионалните обврски во земјава, кариерите бездруго ќе им се збогатат со ангажмани кај Прибе на пример. Веројатно Кристијан Тимоние откако ќе му заврши мандатот во земјава, со себе за Франција ќе си ја понесе и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители на Република Македонија, онаа академија каде што се криеше повеќе од еден месец фактот дека најмалку половина од кандидатите поднеле фалсификувани документи, и да, тогаш Јавното обвинителство побара дури и странска помош!?
Да, митот за „притисокот врз судството” ќе се негува и во иднина. Ќе служи како мотив за еднолични прес конференции во кои де едните, де другите ќе се прашуваат…во наше време, во ваше време, додека ние, паствата,плебсот, заборавивме на нашето време, ние сме само објект во нечие друго време.
Но, ако е за утеха, ете владата освен план А, имала и план Б. Ако е за Европа и НАТО, Бујар Османи ќе ја научи и глаголицата. Што би рекол премиерот „Ако не сака Мухамед кај брегот, тогаш брегот ќе дојде кај Мухамед”, или беше некако поинаку?