6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ГДУ му оддаде почит на револуционерот Гоце Делчев

Претставниците на Граѓанско Демократската Унија- ГДУ, Ѓорги Трендафилов, претседавач на Националниот комитет на партијата, членот на Управувачкиот комитет Јована Спасевска и членот на Националниот комитет Александра Трнковска, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на гробот на големиот револуционер Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје, по повод 115-тата годишнина од неговото загинување на 4 мај 1903 г. крај селото Баница.

Граѓанско Демократска Унија како партија која се залага за слобода, еднаквост и правда, како темелни вредности во нашето општество, стои цврсто позади идеалите за кои се борел и Апостолот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев.

Вечно ќе остане врежано во колективното сознание на Македонија начинот на кој револуционерот Делчев го разбирал светот, а имено како поле за културен натпревар помеѓу народите, што е и една од основните вредности на  модерна и обединета Европа.

поврзани објави

Последни објави